Германија стои на патот на англиската хегемонија во У21 категоријата

Полека се менуваат фудбалските сили во категоријата до 21 година. Некогаш доминираа Италијанците и Шпанците, а сега дојде редот на Англичаните. Второ првенство по ред, по она во Романија и Грузија, „Гордиот Албион“ е најмалку во финалето.

Пред две години момците на Ли Карлси освоија титула без да примат гол и во финалето ја совладаа Шпанија, која до тој момент беше доминантна во оваа возрасна категорија. Денешната Англија ги нема Гордон и Палмер како пред две години, но има други лидери во тимот. Харви Елиот од Ливерпул е доминантно име и тоа го покажа во елиминационата фаза, постигнувајќи клучни голови, Негов партнер требаше да биде Џоб Белингем, но неговиот трансфер во Борусија Дортмунд во последен момент ги промени плановите на Карсли. Кресвел, Нванери, Хачисон, Илинг Жуниор се само дел од фудбалерите во фокусот на англискиот национален тим.

Германија нема звучни имиња, но селекторот Ди Салво формира хомоген состав, кој многу трча и со силното темпо ги уништува ривалите. Волтемаде се наметна како лидер и стрелец, а веќе дебитираше и за сениорскиот тим. Ернст на голот, Каспер Јандер во организацијата на играта и Кнауф во нападот се фудбалерите за издвојување.

Холанѓанецот Сандер ван дер Ејк ќе го судија финалниот натпревар, кој е распродаден и во Братислава нема веќе билети за последниот дуел на У21 шампионатот.