ВИДЕО: Германија со ОСУМ гола ја „уништи“ Естонија, рутински победи за Франција и Белгија 

Фудбалерите на германдката репрезентација го забележаа највисокиот триумф во квалификацискиот циклус за претстојното Европско првенство во 2020 година, откако пред својата публика со убедливи 8-0 славеа на дуелот против Естонија

Светскиот шампион од пред девет години, конечно заличи на себе, по очајниот настап на последниот Мундијал во Русија. Голеадата во Мајнц ја започна Марко Ројс, а ја затвори ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане

  • Извештај од натпреварот: 

Во листата на стрелците уште се запишаа Гнабри (2), Горецка, Гундоган, Варнер и Ројс со уште еден гол кој беше вистинско ремек-дело од слободен удар. Со оваа победа Германија се зацврсти на втората позиција со девет бода од три меча, веднаш зад лидерот Северна Ирска кој има скор од четири победи од исто толку меча. 

Вечерва солидна партија во квалификациите одиграа и светскиот шампион Франција и полуфиналистот Белгија. „Триколорите“ со головите на Мбапе, Бен Једер, Товен и Зума со 0-4 славеа на гости кај Андора, додека „ѓаволите“ со 3-0 извојуваа победа против Шкотска. За Белгија головите ги постигнаа Лукаку (2) и Де Брујне. 

  • Извештај од натпреварот:

  • Извештај од натпреварот:

Европско првенство, Квалификации, Група C
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Северна ИрскаСеверна Ирска 4 4 0 0 7:2 5 12
2 ГерманијаГерманија 3 3 0 0 13:2 11 9
3 ХоландијаХоландија 2 1 0 1 6:3 3 3
4 БелорусијаБелорусија 1 4 0 0 4 1:9 -8 0
5 ЕстонијаЕстонија 1 3 0 0 3 1:12 -11 0