ВИДЕО: Германија се мачеше за победа над Романија, Исланд ѝ откина два бода на Ерменија

Фудбалската селекција на Германија забележа нова победа во мундијалските квалификации, откако потешко од очекуваното, преку пресврт со 2-1 (0-1) славеше над незгодната Романија.

Гостите кои во Хамбург отпатуваа со реми против Македонија во Скопје, по само девет минути игра им приредија шок на големиот фаворит и поведоа со 0-1. Поранешниот светски и европски шампион во целост потфрли во одбраната, а тоа го искористи асот на Глазгов Ренџерс, Јанис Хаџи, кој со велемајсторски дриблинг се ослободи од чуварите, а потоа со итер удар го совлада Тер Штеген, за молк на трибините.

  • Извештај од натпреварот:

По примениот гол момците на Ханси Флик веднаш тргнаа по израмнување и силно го притиснаа гостинскиот гол, но Серж Гнабри трипати не погоди од изгледна позиција, а голема шанса пропушти и Марко Ројс

Романците успешно се одбранија во првиот дел, но не и на стартот на вториот дел. Офанзивецот на Баерн Минхен, конечно стави крај на промашувањата и во 52. минута со прекрасен удар од полудесно го израмни резултатот на 1-1, а во самиот финиш „џокерот“ Томас Милер се најде на вистинско место и донесе заслужена победа за Германија, шестта во овие квалификации.

Во рамки од групата Ј, каде што се натпреварува и Македонија, Исланд не дозволи ново славје на Ерменија и со голот на Јоханесон во 77. минута се избори за големо реми од 1-1. Претходно, водство за гостите донесе Ховханисјан во 35. минута.

  • Исланд - Ерманија 1-1:

На три кола до крајот лидер е Германија со 18 бода, а втора е Македонија со 12, колку што има и Ерменија. Осмото коло со натпреварите Македонија - Германија, Романија - Ерменија и Исланд - Лихтенштајн се игра в понеделник навечер. 

Состави

Ханси Флик

4-2-3-1

    Eduard Iordanescu

    5-4-1