Германија не виде мака против Чешка, Данска ја изненади Холандија

Фудбалската репрезентација на Германија до 21 година ја забележа втората победа на младинското Европско првенство, откако со сигурни 2-4 славеше во соочувањето со соодветната селекција на Чешка.

Германските надежи не видоа мака на натпреварот во Дунајска Страда и веќе во првите 45 минути обезбедија сигурна предност од два гола (0-2). Резултатот го отвори Тресоиди, а пред крајот на полувремето стрелаше и Небел за 0-2. Во вториот дел Волтмејд и Мартел ја одведоа Германија на огромни 0-4, а до крајот на средбата Мби (автогол) и Спацил беа стрелци за конечни 2-4.

На тој начин Германија ја сочува лидерската позиција во групата Б, а во последното коло ќе го игра дербито со Англија.

Во Прешов младите фудбалери на Данска приредија изненадување и со минимални 1-2 ја совладаа Холандија и со тоа обезбедија пласман во четвртфиналето. 

ФОТО/PHOTO: UEFA Men's Youth (X)