Германија најуспешна на ЕП, само уште една селекција има повеќе од еден трофеј!

Со натпреварот меѓу Турција и Италија, утре и официјално започнува 16-то Европско првенство во фудбал. Во единаесет градови ширум Европа, најдобрите селекции на стариот континент ќе се борат за престижниот трофеј, именуван по Анри Делоне, поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Франција и човекот според чија идеја беше организирано првото Европско првенство.

Како и пред секој ваков собир неколку селекции се истакнуваат по квалитет и се споменуваат за главни фаворити за златниот медал, а токму повеќето од нив може да се кажи дека се најуспешни низ историјата.

Фудбалската репрезентација на Германската е најтрофејна со три титули европски шампион, вклучувајќи ја и Западна Германија. Франција двапати беше најдобра репрезентација на стариот континент, додека СССР,  Италија, Чехословачка, Холандија, Данска, Грција и Португалија имаат по една титула.

  • Сите финални натпревари на Европските првенства:

2016 - Португалија - Франција 1-0 (по продолженија)
2012 - Шпанија - Италија 4-0
2008 - Шпанија - Германија 1-0
2004 - Грција - Португалија 1-0
2000 - Франција - Италија 2-1 (златен гол)
1996 - Германија - Чешка 2-1 (златен гол)
1992 - Данска - Германија 2-0
1988 - Холандија - СССР 2-0
1984 - Франција - Шпанија 2-0
1980 - Западна Германија - Белгија 2-1
1976 - Чехословачка - Западна Германија 5-3
1972 - Западна Германија - СССР 3-0
1968  - Италија - Југославија 1-1, 2-0 во повтореното финале
1964 - Шпанија - СССР 2-1
1960 - СССР - Југославија 2-1 (по продолженија)