ВИДЕО: Германија ја понижи Италија, нова бламажа на Англичаните

Германија Италија

По три реми средби во низа Германија одигра убедлив натпревар и тоа во дербито од Група 3 во Лига А против Италија (5-2). Тимот на Роберто Манчини беше декласиран во Менхенгладбах и падна на третата позиција на табелата.

  • Германија - Италија 5-2:

Мечот го отвори Џошуа Кимих во десеттата минута. Доминацијата на домашната репрезентација вроди со плод во раната фаза од мечот. Следуваше груб старт на Алесандро Бастони и пенал за Германците. Успешен реализатор беше Илкај Гундоган

Натпреварот беше решен на почетокот од второто полувреме. На вистинското место при една акција се најде Томас Милер за третпат да ја затресе мрежата на „аѕурите“. Следуваше нов шок за гостите, кога Тимо Вернер со два гола погоди за 5-0. До крајот Италија намали преку Вилфред Гнонто и Алесандро Бастони.

Во рамките на истата група големот изненадување направи Унгарија запишувајќи три бода на гости кај Англија (0-4). Герет Саутгејт ќе биде под голем притисок по овој лош резултат на „Молинеу“. Англичаните се без победа по четири меча во новата сезона од Лигата на нации. Роналд Салаи беше човек на одлука на оваа средба. Унгарците ги израдува со два гола, кои постојано се бранеа и мудри чуваа предност против фаворитот.

  • Англија - Унгарија 0-4: 

Герет Бејл погоди пенал во надополнувањето, но тоа не беше доволно да се узбегне пораз на гостувањето кај Холандија (3-2) во Група 4. Мемфис Депај одговори на вториот гол на гостите и стана херој на „лалињата“.

Погодокот на Мичу Батчуији донесе втора победа на Белгија против Полска за само една недела (0-1).

  • Полска - Белгија 0-1: 

Последните две кола од групниот сегмент на Лигата на нации се играат во септември.

Состави

Ханси Флик

4-2-3-1

    Роберто Манчини

    4-3-3