• Зоран Мишевски
Европското првенство во фудбал за жени, кое се игра во Англија, влегува во завршната фаза.
Фудбалерките на Германија се пласираа во полуфиналето на, откако синоќа ја совладаа во четвртфиналето Австрија со 2-0 (1-0).
- Германија - Австрија 2-0:
Головите за бундес-тимот ги постигнаа Лина Магул во 25. минута и Александра Поп на една минута до крајот. Германија во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Франција и Холандија.
- Англија - Шпанија 2-1:
Во средата пласман меѓу четирите најдобри репрезентации на шампионатот избори и домаќинот Англија со триумфот од 2-1 над Шпанија, и во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналната пресметка меѓу Шведска и Белгија.