Германија главен кандидат за организација на ЕП 2029

Германија беше беспрекорен домаќин на Европското фудбалско првенство летово, па затоа оваа земја реши да поднесе кандидатура и за континенталниот собир за жени, кој ќе се одржи во 2029 година. 

Претседатлот на германската федерација, Бернд Нојендорф, изјави дека државата е подготвена за организација на уште еден голем настан, за кој ќе биде во конкуренција со Португалија, Данска и Шведска. 

УЕФА треба официјално да го соопшти името на земјата-домаќин најдоцна до крајот на 2025 година, а доброупатените извори велат дека токму Германија има најголеми шанси. Се работи за земја со одлична фудбалска инфраструктура, а неодамна беа реновирани и сите стадиони за Европското првенство кое се одржа летово.