• Саше Љолес
Германската влада официјално соопшти дека не ја поддржува идејата за бојкот на Светското првенство во фудбал, кое ова лето ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Според ставот на германските власти, спортските натпревари не треба да бидат поврзувани со надворешно-политички прашања или да се користат како инструмент за политички притисок.
Државната секретарка за спорт изјави дека владиниот став е јасен: нема поддршка за бојкот, бидејќи светскиот собир на фудбал треба да ја обединува, а не да ја поделува светската заедница. Таа додаде дека САД, Мексико и Канада ќе бидат домаќини на овој голем настан заедно, што уште повеќе ја зголемува неговата важност и обем.
Во Германија во последните месеци се водеше дебата околу можноста за бојкот на турнирот во услови на зголемени политички тензии, но и германскиот Фудбалски сојуз (ДФБ) се изјасни против идејата. Од таму порачаа дека силата на спортот е во неговата способност да поврзува луѓе и нации, и дека натпреварите треба да останат надвор од политички конфликти.
Со ова, Германија ги потврди своите планови да учествува на Светското првенство и да се фокусира на спортската страна на натпреварувањето, оставајќи политичките дебати настрана.
