Германија беше на чекор да израмни потфат на Југославија стар 65 години!

Германската фудбалска репрезентација ѝ нанесе тежок пораз на еден од најголемите ривали на стариот континент, Италија, совладувајќи го со убедливи 5-2.

Светскиот шампион од Бразил по 70 минути игра имаше водство од 5-0, но потоа се опушти и прими два гола. Џошуа Кимих и Илкај Гундоан стрелаа во првото полувреме, а Томас Милер и Тимо Вернер (2) во второто. „Aѕурите“ успеаја да намалат во финишот преку Вилфрид Њото и Алесандро. Бастони.

На тој начин „панцерите“ станаа првата репрезентација по поранешна Југославија која успеала да постигне најмалку пет гола против Италијанците. Последен пат тоа се случи во 1957 година, кога Југославија славеше над Италија со 6-1.

Така, Германците речиси го повторија тој потфат, но мини рекордот на Југославија и понатаму останува на сила.

Состави

Ханси Флик

4-2-3-1

    Роберто Манчини

    4-3-3