Германецот Томас Леч е нов тренер на австрискиот Салцбург

Германскиот тренер Томас Леч официјално е нов предводник на австрискиот гигант, Салцбург. Тој доаѓа на местото на Холанѓанецот Пепин Лејндерс, кој беше отпуштен поради лошите резултати на тимот. 

56-годишниот Леч во кариерата беше тренер на Ауе, Австрија Виена, Витезе и Бохум, а во минатото го предводеше и младинскиот тим на Салцбург. 

„Посебно е чувството, среќен сум што се вратив во овој клуб. Салцбург има посебно место во моето срце и затоа сакам да бидеме успешни на секое поле. Набргу ќе се запознаам со сите играчи и со мојот стручен штаб, а на навивачите им ветувам дека ќе се бориме до крај за успешен крај на сезоната. 

Леч доби договор со новиот клуб до 2027 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Салцбург во моментов е петтопласиран во австриската Бундеслига, со дури десет бода заостанување зад лидерот Штурм Грац.