Германецот Малком Баду го засили Спартак Москва

Шампионот на Русија пред три сезони, екипата на Спартак Москва донесе изненадувачко засилување од Бундеслигата. Имено, италијанскиот стручњак Масимо Карера го потпиша талентот на германскиот фудбал Малком Баду.

22-годишниот фудбалер доаѓа од Волфсбург за само 75.000 евра и стави потпис на четиригодишен договор со московјани. Овој фудбалер е роден во Гана, но има три настапи за младата германска репрезентација.

Пред неколку дена Спартак Москва го донесе Езекиел Понсе од Рома за 2,7 милиони евра