• Саше Љолес
Интер го елиминираше Баерн Минхен од Лигата на шампионите откако успеа да извлече реми на ревашот во Милано (2-2), но германските медиуми издвоија еден момент од мечот за кој сметаат дека бил нерегуларен, односно тврдат дека Лаутаро Мартинез играл со рака пред да го постигне израмнувачкиот гол за 1-1.
Спорната ситуација се случи во 58. минута, кога Мартинез најпрво ја „закачи“ топката со глава, па таа се стркала надолу и се чини дека во тој момент имаше контакт со неговата рака. Германците се убедени дека ВАР-собата морала да му сугерира на судијата Славко Винчиќ, но од таму останаа неми и словенечкиот арбитар покажа на центарот.
Во продолжение следуваше вистинска драма, затоа што Интер поведе со 2-1, па Баварците се вратија во игра со голот на Ерик Даер. Гигантот од Минхен притисна со сите сили во завршните моменти, но Интер успеа да се одбрани и се пласираше во полуфиналето.
Ситуацијата со Лаутаро Мартинез сигурно ќе предизвика полемики во спортската јавност, вверојатно особено во таборот на германските навивачи, но сепак, нивните миленици испаднаа од елитното натпреварување и ќе се фокусираат на шампионската трка во Бундеслигата.