ВИДЕО: Германците понудија 20 гола на пет меча, Хумелс е легенда за Дортмунд

Стрелците во Бундеслигата повторно беа расположени, сите мечеви отидоа над три гола или повеќе, а највозбудливо беше во Фрајбург каде Борусија Дортмунд дојде до три бода со пресврт во самиот финиш (2-4).

„Милионерите“ поведоа први преку Хумелс, но до полувремето домаќинот направи пресврт преку Холер и Хофлер, за позитива од 2-1. Во вториот дел, Мален од пенал во 60. минута израмни на 2-2, за следниот гол да падне во 88. минута и пак да биде дело на стоперот Матс Хумелс. Во самиот финиш печат на победата стави Марко Ројс.

  • Фрајбург - Борусија Дортмунд 2-4: 

Со двата гола на средбата, дефанзивецот на Дортмунд влезе меѓу легендите. Матс Хумелс погоди шеснаесетта сезона по ред во Бундеслигата и така само на него и уште пет играчи од германската елита им успеало тоа. 

  • РБ Лајпциг - Аугсбург 3-0:

РБ Лајпциг на домашен терен ја оправда фаворитската улога со Аугсбург и славеше со 3-0 (3-0). Сите три гола паднаа во првите 45 минути, а стрелаа Чави Симонс, Лоис Опенда и Давид Раум.

Волфсбург на домашен терен беше подобар од Унион Берлин со 2-1, Штутгарт победи кај Мајнц (2-1), додека Хофенхајм ги освои трите бода на гостински терен кај Келн (1-3).

Состави

Christian Streich

4-2-3-1