„Домино-ефектот“ пред реализација, Флик ќе ја води Германија во Скопје?

Ханси Флик ги минува последните натпревари на клупата на Баерн Минхен, бидејќи по завршувањето на сезоната најави заминување, а клубот веќе го промовира Јулијан Нагелсман како негов наследник. 

Оваа смена доаѓа како своевиден „домино-ефект“, а истиот започна со најавата за заминувањето на Јоаким Лев од клупата на германската решпрезентација. Таа продолжи со аквизицијата и преговорите неговото место да го земе Флик, додека крајот е промоцијата на Нагелсман во Баерн. 

Шпекулациите веднаш беа дека Ханси Флик ќе го наследи селекторот, а за тоа пак пишуваше и минхенски „Абденцајтунг“. Наводно сè е готово и Флик ќе биде новиот селектор, а заедно со него треба да работат Мирослав Клосе и Дени Роел. 

Според „Абделцајтунг“, промоцијата на Флик се очекува да се случи наредната седмица, а тоа значи дека Германија со нов селектор ќе брка одмазда против Македонија во Скопје. Веќе е јасно дека Лев нема да го води националниот тим во реваншот од квалификациите за Светското првенство, па многу веројатно негов наследник ќе биде Флик.