Германците ги нападна вирус, Унгарците како домаќини во Лајпциг

Германија Унгарија

Се ближи крајот на групната фаза од Лига нации, Светското првенство практично е зад аголот и фудбалските репрезентации полека ги прават последните подготовки пред најголемиот предизвик. Затоа овие две кола се особено важни, не само поради успехот во ова натпреварување, туку и поради визијата како сето тоа би можело да изгледа за помалку од шеесет дена во Персискиот залив.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Лигата на нации >>>

Токму затоа селекторите се обидуваат да ги соберат најдобрите за оваа репрезентативна пауза, која може да се покаже како клучна за успехот во Катар. Ова е приказната пред дуелот меѓу Германија и Унгарија во групата 3 од Лигата А од Лигата на нации, во која и двата тима а бараат резултат, но и јасни контури на тимот што ќе ги предводи единаесетте најдобри. Унгарија неочекувано го зазеде првото место во оваа група, но тие никако не се сигурни на таа позиција. А за да остане така, пред се треба да се совлада Германија која чека прилика од второто место. Затоа, треба да очекуваме внимателна средба.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Германија - Унгарија >>>

Мануел Нојер и Леон Горецка не се вклучени во тимот поради ковид. Дуото ќе ги пропушти последните два натпревари од овогодинешната групна фаза на Лигата на нации, па по Унгарија тие нема да бидат тука и за натпреварот против Англија во понеделник на Вембли. Учеството во оваа фаза го откажа и Џулијан Брант бидејќи го фати грип. Постои страв дека во тимот на Германија навлезени се вируси, па затоа тука е и стравот од дополнителни откази.

Свои кадровски проблеми имаат и Унгарците, два прилично важни играчи се повредени. Роланд Салаи и Золт Наѓ нема да бидат на теренот против Панцирите. Интересно е што овој меч е посебен за тројца унгарски асови и тоа Петер Гулаши, Вили Орбан и Доминик Собослај. Тројцата настапуваат за РБ Лајпциг, па практично се домаќини на Ред Бул Арената.

„Во Лајпциг играме и на гости и на домашен терен. Ајде да се вратиме таму да уживаме“, низ смеа беше краток Собослај пред натпреварот.

Дуелот почнува вечерва во 20:45 часот на стадионот на германскиот победник на Купот.