• Зоран Мишевски
Австрискиот стручњак Герхард Штрубер и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Ред Бул Салцбург, тим кој ќе игра директно во групната фаза на Лигата на шампионите. Тој на клупата на австрискиот клуб го замени Матијас Џејсле, кој пред неколку дена го презеде Ал-Ахли.
По потпишувањето на двегодишниот договор со Салцбург, Штрубер истакна дека тоа ќе биде голем предизвик за него.
„Навистина сум задоволен што ја добив оваа можност, што е врв во мојата досегашна тренерска кариера. Ова е враќање дома за мене. Голем предизвик е да се работи во Салцбург“, изјави Штрубер.
Овој млад стручњак претходно беше тренер на Лајринг, Волфсбергер, Барнсли и Њујорк. Пред два дена, во првото коло од австриската Бундеслига, Салцбург го победи Алтах на гостински терен со 0-2.