• Мартин Танасковски

Велшкиот фудбалер Герет Бејл прерано ја заврши фудбалската кариера и реши да замине во пензија, но, очигледно, не може без фудбалот.
Крилниот играч води преговори да влезе во тренерскиот свет. Бејл разговара да биде дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Велс.
Информацијата дека двете страни се во преговори ја потврди селекторот Роб Пејџ, кој истакна дека сака да го види Бејл во стручниот штаб додека тој е селектор, затоа што некогашниот капитен го заслужува тоа.
Инаку, нов капитен на Велс е искусниот Арон Ремзи. Бејл замина во пензија како играч на Лос Анџелес ФЦ.