Георгиевски стартува како тренер на Кожуф, има и промени во тимот

Денес започнаа подготовките на екипата на Кожуф на „Градскиот стадион“ во Гевгелија за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

Екипата ќе ја предводи новиот тренер Славчо Георгиевски - Тупан, со неколку промени во составот од есенскиот дел. Во првата екипа на Кожуф се вклучени и оваа пролет ќе добијат шанса да се наметнат со добри игри повеќе играчи од младинската школа.

Кожуф на паузата се наоѓа на деветтото место на табелата во ВМФЛ.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.