• Горан Упале
Христијан Георгиевски го одигра најдобриот натпревар од пристигнувањето во тимот на Нафта. Македонскиот фудбалер беше најзаслужен за убедливата победа на словенечкиот тим над Домжале од 5-2.
Георгиевски беше автор на два гола, од кои вториот беше спектакуларен. Во 45. минута Македонецот стрелаше по една одлична тимска акција и израмни на 2-2, додека на стартот на вториот дел постигна атрактивен погодок директно од слободен удар, и тоа од речиси половина терен. Пред да го изведе прекинот Георгиевски забележа дека противничкиот голман е далеку од своето место и се реши да шутира и не погреши. За Домжале првиот гол го постигна исто така македонски фудбалер - Марио Крстевски.
За 21-годишниот играч за врска ова беа првите голови во дресот на Нафта по неговото доаѓање од Струга Трим Љум.