ВИДЕО: Георг Стојановски со супер-погодок ѝ донесе триумф на Спартак Варна

Младиот македонски фудбалер, Георг Стојановски, прикажува солидна форма во дресот на Спартак Варна и постигна прекрасен погодок во победата над Добруџа Добрич (1-0), кој е директен конкурент за опстанок во Суперлигата. 

Стојановски беше автор на единствениот погодок на мечот, носејќи три важни бода за својот тим, и тоа со силен и презицен удар од работ на петерецот. Голот беше постигнат во 34. минута и се покажа како доволен за освојување на целиот плен. 

22-годишниот Стојановски го одигра целиот натпревар и беше најзаслужен за победата на својот тим, со која Спартак сега има 26 бода на првенствената табела. 

За македонскиот фудбалер ова беше четврти погодок сезонава, а згора на тоа, има додадено и три асистенции зад неговото име.