ВИДЕО: Гол и асистенција на Стојановски во победата на Спартак Варна

Македонскиот фудбалер Георг Стојановски постигна гол и забележа асистенција во победата на Спартак Варна против Ботев Пловдив (3-2) во 13. коло на ЕФБет лигата во Бугарија

Младиот напаѓач го отвори резултатот во Варна, откако по една брза транзиција одлично нападана простор и истрча на втората статива, па доби топка од Берна Коуто и само ја смести во мрежата. Потоа на стартот на вториот дел Стојановски му ја возврати асистенцијата на португалскиот соиграч, асистирајќи го голот за 2-1.

Тимот кој од клупата го води Ѓоко Хаџиевскки продолжи во одлична форма и без пораз е од крајот на август, а во низата има три победи и три нерешени исходи.