Георг Стојановски прави голем трансфер - од Варна се сели во Катар!

Бугарскиот прволигаш Спартак Варна ќе го продаде напаѓачот Георг Стојановски на клуб од Катар, потврди спортскиот директор на клубот Енгибар Енгибаров.

Енгибаров ја објави веста на прес-конференција, на која присуствуваа и поранешниот тренер на тимот и Алекс Илиев. 22-годишниот напаѓач се приклучи на Спартак во септември 2025 година. Тој одигра 29 натпревари, во кои постигна десет гола и имаше пет асистенции.

Оваа сезона, Стојановски има два гола и една асистенција на два натпревари. Вчера и тренерот на екипата Ѓоко Хаџиевски најави дека ќе замине од кормилото на клубот од Варна. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.