• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Георг Стојановски го одбележа стартот на новата сезона во бугарската елитна лига, откако го постигна првиот погодок во шампионатот за сезоната 2026/27.
Фудбалерот на Спартак Варна се запиша во листата на стрелците на натпреварот против ЦСКА Софија, откако во 13. минута ја затресе противничката мрежа и му донесе водство од 1-0 на својот тим. Со овој погодок, Стојановски влезе во историјата како автор на првиот гол во новата сезона на најсилното бугарско фудбалско првенство.
Успехот на младиот македонски фудбалер има и дополнителна симболика, бидејќи на клупата на Спартак Варна седи неговиот дедо, легендарниот македонски тренер Ѓоко Хаџиевски.
Токму Георг Стојановски лани ја спаси Спартак Варна од испаѓање, со хет-трик во последното коло.



