• Зоран Мишевски

Шампионот на Белгија новата сезона ја започна исто како што ја заврши старата. Генк е освојувач на Суперкупот на својата земја, откако лесно го совлада Мехелен во финалето со 3-0 (1-0).
На „Луминус Арена“ во Генк натпреварот беше едносмерен, бидејќи финалистот на Купот беше нерамноправен ривал, „Сините“ и без Јанис Хаџи кој остана на клупата ја резервни фудбалери лесно си ја завршија работата.
Себастијан Деваст беше автор на два гола, а еднаш меѓу стрелците се запиша и Данте Ванцир.
- Извештај од натпреварот:
Следниот викенд почнува новата Јупилер ПРО лига со атракцијата Андерлехт како главен кандидат на Генк за титулата. Имено, Компани е нов тренер на најславниот белгиски клуб, а најголемо засилување е неговиот поранешен соиграч од Манчестер Сити, Самир Насри.
Првото коло почнува в петок со дуелот Генк - Кортијк.