ВИДЕО: Генијалноста на Кардона им пресуди на Еквадорците, почетна победа за Колумбија

Несудениот домаќин на Копа Америка, селекцијата на Колумбија со победа го зпаочна турнирот и се приклучи кон Бразил на врвот на табечата во групата Б по првото коло. Дуелот во Кујаба меѓу Колумбија и Еквадор го реши еден момент и тоа вофинишот на првиот дел.

  • Извештај од натпреварот: 

Колумбијците стигнаа до победа од 1-0, со голот на Кардона, по додавањето на Борха во 42. минута. Прекрасната тимска акција го одлучи победникот. Во текот на целиот натпревар се играше по силно темпо, Колумбија ја имаше топката во своите нозе, а Еквадор возвраќаше со брзи против напади. Сепак, после единствениот гол искусната колумбиска селекција ја „нагази“ топката и го успа натпреварот.

Со оваа победа Колумбија се залепи до Бразил на првото место во група со пет селекции, од кои најдобрите две ќе се спласираат во полуфиналето.

Вечерва се играат првите натпревари од групата А, а се среќаваат Аргентина - Чиле и Парагвај - Боливија. 

Состави

Carlos Queiroz

4-4-2

    Jordi Cruyff

    4-4-2