ВИДЕО: Генијалниот Азар си поигра со шкотската одбрана како со мали деца

Третопласираната репрезентација на Светското првенство во Русија, Белгија на Роберто Мартинез и Тјери Анри продолжува со атрактивен фудбал и со победи и по големиот настан.

На првиот пријателски натпревар по бронзата, „црвените ѓаволи“ ја декласираа Шкотска во Глазгов со 0-4 со два гола на Батчуаји и по еден на Лукаку и Азар. Голот на ѕвездата на Челзи, Еден Азар беше навистина спектакуларен и заслужи аплаузи на отворена сцена.   

Азар остана во Челзи, доби плата од 17 милиони евра и не премина во Реал Мадрид како што се претпоставуваше.