• Горан Упале
Екипата на ПАОК приреди изненадување во Купот на Грција, откако во финалето со минимални 2-1 славеше над големиот ривал Олимпијакос.
Клучниот момент на натпреварот се случи во самиот финиш, кога српскиот ас Андреј Живковиќ со епска пета го исфрли во празно својот соиграч Кременчик, кој пак без проблеми ја затресе противничката мрежа и донесе големо славје за својот тим.
- Асистенцијата на Живковиќ и голот на Кременчик за победа на ПАОК:
Со оваа победа фудбалерите на ПАОК ја обезбедија осмата Куп-титула на гигантот од Солун во клупската историја.