Генијална тактика на Енрике: Знаете ли зошто голманот Сафонов исфрлаше топки во аут?

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, смислил необична тактика со која целосно го неутрализирал најопасниот играч на Баерн Минхен, Мајкл Олисе.

На мечот против германскиот гигант, голманот Матвеј Сафонов намерно испраќал голем дел од топките во аут, и тоа токму на страната каде што делувал Олисе. Шпанскиот стратег имал идеја играта постојано да се префрла на тој дел од теренот, за таму да има поголема концентрација на играчи на ПСЖ.

Со тоа Олисе речиси секогаш беше удвојуван и немаше простор за своите препознатливи продори. Иако неколку пати се обиде да создаде опасност, францускиот офанзивец беше далеку од своето најдобро издание.

Тактиката на Енрике се повтори повеќепати во текот на натпреварот, што јасно покажува дека не стануваше збор за случајност, туку за однапред подготвен план кој успеа речиси во целост.