Генијалецот Зидан останува „крал“: Еве каков тим подготвува за следната сезона

Зинедин Зидан го препороди Реал Мадрид и тимот покажува ново лице од она кое го имаше пред два месеци, кога беше во тотален нокдаун поради елиминацијата од Купот на Кралот од Алкојано. „Кралевите“ се во борба за двете најважни титули – Примера и Лигата на шампионите, а Зизу ја доби довербата на Перез.

Французинот ќе остане на кормилото на „кралевите“ и следната сезона, а според досегашните најави од Шпанија, бомбастични трансфери нема да има. Зидан веќе размислува за евентуалните промени, а нови засилувања на Реал Мадрид ќе бидат Давид Алаба (28 години, одбрана, Баерн Минхен) и Едуардо Камавинга (18 години, среден ред, Рен).

Од актуелниот тим на „кралевите“ ќе има заминувања. Се чека финалниот одговор на капитенот Серхио Рамос, а желба е да се продолжи договорот со него. Лукас Васкез си заминува сигурно, на листата се и Герет Бејл и Иско, а неизвесна е и иднината на Марсело откако Алаба ќе дојде, затоа што ќе биде фрлен во втор план.

Во сериозните планови на Зидан не се наоѓаат ниту Мариано Диаз, Лука Јовиќ и Алваро Одриозола и клубот ќе се обиде да се реши од нив, дали преку позајмица, или преку перманентен трансфер. Кога се говори за останувањата, Еден Азар ќе добие втора шанса и покрај повредите, останува и Марко Асенсио, како и младите Винициус, Родриго, Едегард и Валверде. Сигурни се и Куртоа, Каземиро, Крос и Бензема.

Оние големи имиња кои се поврзуваа со нападот, тоа се Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, засега, не се главни опции поради високата цена која Реал Мадрид треба да ја плати за еден од нив.