• Горан Упале

Ретко кој фудбалер би можел да се пофали со 800 настапи во кариeрата, а уште поретки се оние кои што постигнале толкав број на голови. Се разбира, за Лионел Меси ништо не е недостижно и аргентинскиот генијалец синоќа ја продлабочи својата легенда.
На средбата со Панама, која што беше од пријателски карактер, капитенот на „гаучоците“ уште еднаш ја покажа својата класа и стигна до неверојатна бројка од 800 гола во кариерата. Имено, во 89. минута од средбата, асот на ПСЖ постигна неверојатен погодок од слободен удар, со што стигна до бројка која што е недостижна за многумина.
- Извештај од натпреварот:
Погодок на Меси против Панама беше негов 800 во кариерата, од кои 99 постигнал за Аргентина, 29 за ПСЖ и дури 672 за Барселона. Покрај најдобриот фудбалер на Светското првенство во Катар, придонес во победата на Аргентина над Панама имаше и Алмада кој погоди во противничката мрежа, од отпадок по ударот по пречката на Меси од слободен удар.
Инаку, средбата во Буенос Аирес беше одбележана и по емотивниот старт, откако цел стадион им го честиташе големиот успех на момците на Скалони на Светското првентсво во Катар.