Гендузи: Фелаини е љубоморен затоа што нема убава коса како мојата

Дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал во рамки на Премиер лигата (2-2) го одбележа неспорски потег на Маруан Фелаини, кој во еден момент реши да го повлече за коса младиот фудбалер на „топџиите“, Матео Гендузи.

Фрацузинот јавно го коментираше лошиот потег на Белгиецот, но не го осуди, туку се пошегува на негова сметка.

„Мислам дека Фелаини ми е љубоморен затоа што нема коса како мојата. Или, пак, не можеше да прифати дека сега има кратка коса“, истакна младиот фудбалер на Арсенал.

Од Англиската федерација (ФА) најавија дека нема да го разгледуваат овој случај и дека Маруан Фелаини нема да добие казна, затоа што по ситуацијата е досуден прекршок.