„Газета“ одбра: Ова е најлошата постава на играчи од Серија А

Угледниот италијански магазин „Газета дело Спорт“ во периодот кога се исчекува конечната одлука околу продолжувањето на фудбалот во оваа земја, реши да направи најлоша постава од играчи кои потфрлиле во досегашниот тек на Серија А

Интересно, во неа се најдоа доста фудбалери кои минатото лето пристигнаа на новите дестинации, но не ги оправдаа очекувањата. 

Меѓу стативите беше сместен соиграчот на Ељиф Елмас од Наполи, Алекс Мерет кој беше платен 20 милиони евра на Удинезе, но не успеа да се докаже па го загуби местото од Давид Оспина

Во одбраната се најдоа Леонардо Спинацола од Рома, Денис Вавро од Лацио, Диего Годин од Интер и Антонио Барека, кој ја дели соблекувалната со Горан Пандев во Џенова.

Средината од теренот започнува со играчот на Јувентус, Адриен Рабио, додека друштво му прават ветеранот Хавиер Пасторе од Рома и Лукас Пакета, кој се претопи во сивилото на Милан.

Можеби и најголемото разочарување е Ирвинг Лозано од редовите на Наполи, кој за речиси 40 милиони евра пристигна од ПСВ како топ засилување, но не се изнаигра на „Сан Паоло“. Покрај него, во шпицот на нападот најмногу разочара Симоне Верди од Торино, а поставата ја комплетира Алексис Санчез кој во Интер не покажа апсолутно ништо.