„Газета дело Спорт“: Роналдо дивееше во соблекувалната по победата над Џенова

Реномираниот италијански медиум „Газета дело Спорт“ пишува дека иднината на Кристијано Роналдо во редовите на Јувентус сè уште е неизвесна.

Португалецот по вчерашната победа над Џенова од 3-1, најпрво луто го фрли дресот, а потоа дивеел во соблекувалната. Најдобриот фудбалер на „старата дама“ не успеа да погоди на овој натпревар, иако во 22. минута беше многу близу. Тој ја погоди стативата од само еден метар, а потоа Алваро Мората ја смести топката во мрежата.

Роналдо беше толку лут по натпреварот што фуриозно отиде од теренот во соблекувалната. Таму удирал по ѕидовите, се истуширал и си заминал дома без да каже ниту еден збор, пишуваат Италијанците.

„Газета“ смета дека Роналдо верува во тоа дека Јувентус нема доволно квалитет. Наводно, побарал од клубот гаранции за следната сезона во форма на засилувања што ќе му помогнат на клубот, кој оваа сезона ќе остане без титулата и во италијански шампион, првпат по девет години.