• Сашо Поповски

Катарски инвестициски фонд (QSI) откупи 22% од португалска Брага. Се работи за истите луѓе кои стојат зад екипата на Пари Сен Жермен.
Газдите на ПСЖ платија 80 милиони евра за да го купат клубот во пресрет на сезоната 2011/12. Тоа се истите пари кои сега фондот ги плати за да стане сопственик на една петтина од португалскиот прволигаш.
Брага е основана во 1921 година и е клуб со голема традиција и историја. Има машка и женска екипа, кои се натпреваруваат во најсилните португалски првенства.
Машкиот тим игра во Примеира лига од 1975 година, редовно завршувајќи меѓу четири најдобри екипи и моментално се наоѓа на третото место, додека младинската академија на клубот исто така се разви во една од водечките во Португалија.