Газдата на Рома се откажа од можноста да го купи Евертон

Иако со недели се шпекулираше, нема да дојде до промена на мнозинскиот пакет на акции на премиерлигашот Евертон.

Американскиот бизнисмен Ден Фридкин, кој е сопственик на италијанскиот гигант Рома, се откажа од идејата да го англискиот прволигаш Евертон. Причината за откажувањето се огромните финансиски обврски кои ги има Евертон.

„По долги разговори, дојдовме до заклучок дека фондот на Ден Фридкин нема да го купи Евертон. Преговорите ги започнавме со надеж и оптимизам, но работите се променија. Главниот проблем е финансиската состојба на клубот, која би ги комплицираме неговите планови Продолжуваме да бараме други опции“, се вели во официјалното соопштение на англискиот клуб. 

Минатата сезона Евертон беше казнет двапати со одземање бодови поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј и беше на чекор до историско прво испаѓање од Премиер лигата.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.