Газда Роман даде зелено светло, Челзи тргнува по Халанд

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, дал дозвола клубот да тргне по потписот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и „сините“ од Лондон се подготвени да активираат голема трансфер бомба.

20-годишниот напаѓач игра импресивно, важи за еден од најдобрите во Европа и е мета на повеќе клубови. Јасно е дека Дортмунд ќе биде тешко да го задржи, затоа што понудите кои ќе доаѓаат, сигурно ќе бидат примамливи.

Челзи е еден од тимовите кои ќе се обидат да го зграпчат Норвежанецот. Во следните месеци се очекува разврска за иднината на Халанд. Фудбалерот има откупна клаузула во договорот во висина од 75 милиони евра, но таа важи од 2022 година.

Сумата која Челзи е подготвен да ја понуди за Халанд изнесува 100 милиони евра.