Газда Перез вети „високи премии“ за Реал Мадрид за чудо со Арсенал

Фудбалерите на Реал Мадрид го пречекуваат Арсенал во среда од 21 часот во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а актуелниот европски шампион пред седум дена беше „понижен“ во Лондон (0-3), па ќе се обиде да направи вистинско чудо пред својата публика и да се пласира во полуфиналето.

Не е дека Реал не правел уште поголеми чуда во поновата историја, но елиминирањето на Арсенал по поразот и се што се виде на првиот натпревар би било навистина неверојатно.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез дополнително ги мотивираше играчите во пресрет на овој натпревар и им вети високи премии во случај на подвиг. Сумата не е откриена, но од Шпанија велат дека се работи за „високи премии“.

Слично беше и пред реваншот со Атлетико Мадрид во осминафиналето, кога по пласманот во пенал рулетот, сите играчи добија бонус од по 250.000 евра.