ВИДЕО: Газда Дестани и капитенот Хасани го подигнаа шампионскиот пехар во Тетово

По вторпат во својата историја Шкендија е шампион на Македонија во фудбал, а попладнево во Тетово по последниот натпревар во ПМФЛ на домашен терен и победата од 4-0 над Пелистер, новиот шампион го подигна шампионскиот пехар.

Најнапред сопственикот Дестани, а потоа капитенот Хасани го подигнаа пехарот и се израдуваа на најголемиот успех во клупската историја на Шкендија. Тетовските „црвено-црни“ соборија серија на рекорди, а уште поубедлива ќе ја направат сезоната ако в среда во Струмица го освојат Купот на Македонија. За тоа потребна им е победа финалето со Пелистер. 

Шкендија ќе ја претставува Македонија во квалификациите на Лигата на шампионите следната сезона.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 14 9 4 1 32:13 19 31
2 ВардарВардар 14 8 4 2 18:9 9 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 1 6 16:12 4 22
4 РеноваРенова 2 14 5 4 5 16:16 0 19
5 ПобедаПобеда 1 14 5 2 7 13:15 -2 17
6 РаботничкиРаботнички 1 14 5 2 7 18:24 -6 17
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 4 6 16:18 -2 16
8 ШкупиШкупи 1 14 4 3 7 10:16 -6 15
9 СилексСилекс 1 14 3 5 6 10:16 -6 14
10 БеласицаБеласица 3 14 3 5 6 11:21 -10 14