Гави како Пеле: „Горд сум што сум во друштво на легендите“

Историјата на Светските првенства памети многу убедливи победи, а сигурно во книгата на рекорди ќе влезе и рапсодијата на шпанската репрезентација против Костарика. Шпанија славеше со 7-0 во првиот осминафинален натпревар од групата Е на Светското првенство.

„Од првата минута игравме на победа и презадоволен сум од бодовите. Сите имавме прекрасна вечер. Но, сега треба да се свртиме кон следниот натпревар“, изјави Гави на прес-конференцијата.

Гави погоди во 74. минута и со 18 години и 110 дена стана третиот најмлад стрелец во историјата на Светските првенства по Пеле и Мануел Росас.

„Не го знаев тоа, ми кажаа на крајот од натпреварот. Горд сум во ова друштво, што сум меѓу нив. Среќен сум, не можев да го замислам ова во моите најлуди соништа. Коке секогаш ми вели дека тоа ќе го сфатам со годините, па затоа одам чекор по чекор“, заврши Гави.

Тој е најмладиот репрезентативец на Шпанија и најмлад стрелец на репрезентацијата на Светските првенства.

Состави

Луис Енрике

4-3-3

    Luis Fernando Suarez

    5-4-1