Гави го пропушти последниот тренинг поради мала повреда

Гави

Шпанија одигра нерешено против Германија и се наоѓа во добра позиција да избори пласман во нокаут фазата на Мундијалот во Катар.

Еден од најдобрите играчи на „фуријата“, Гави, не беше дел од последниот тренинг. Луис Енрике го поштеди поради лесна повреда со која се здоби на дуелот против Германците.

Тинејџерот беше стрелец во првото коло во убедливата победа против Костарика (7-0), со што стана најмладиот стрелец на Мундијалите од 1958 година и голот на Пеле.

Шпанската репрезентација во последното коло влегува како првопласирана и четири бода, а за пласман во осминафиналето доволно ѝ е реми. Јапонија и Костарика имаат по три бода, а Германија е последна со бод.