Гавазај: Ако ги послушаме советите на тренерот, ќе дојдеме до три бода

Струга Трим Љум веќе се етаблираше во еден од најстандарните прволигаши и аспирации на тимот се борба за Европа. Ова лето стружани значително се засилија и Срѓан Захариевски на располагање има одличен ростер, кој може со секој ривал во ПМФЛ да се надигрува.

Еден од новајлиите е засилувањето од Тирана, Енис Гавазај. Тој се привикна на новата средина и соиграчите и со нетрпение го чека стартот на сезоната и дебито против Победа попладнево.

„Едвај го чекам првиот официјален натпревар против Победа. Пред неколку недели во рамки на подготовките игравме против овој ривал, па го знаеме нивниот потенцијал. Сметам дека ако ги послушаме советите на тренерот, ќе дојдеме до три бода.

Им ветувам на навивачите максимална посветеност. Првпат ќе играм во ПМФЛ и убеден сум дека го направив вистинскиот избор со доаѓањето во Струга Трим Љум“, вели Гавазај.

Пред две сезони Струга Трим Љум играше во квалификациите на Лига Европа, а слични се амбициите на клубот и оваа сезона.