ВИДЕО: „Гаучосите“ распукаа по Еквадор, најмоќно издание со Скалони на клупата

Четири дена по ремито во Дортмунд против Германија, аргентинската фудбалска репрезентација убедливо го совлада Еквадот со 6-1 во последниот тест на селекторот Лионел Скалони пред стартот на квалификациите за Светското првенство во Катар.

Подмладените „гаучоси“, за кои не настапи Лео Меси, максимално се забавуваа и до врв ја наполнија мрежата на својот ривал. За двократниот светски првак погодија Аларио, Пацела, Еспиноза, Паредез, Окампос и Домингез. Единствениот гол за поразената селекција го постигна Анхел Мена на почетокот од вториот дел.

  • Извештај од натпреварот: 

Пријателски натпревар одиграа и Словачка и Парагвај, а финалниот исход заврши 1-1.