• Зоран Мишевски

Два поранешни светски прваци во категорија до 20 години, Аргентина и Франција се доближија до осминафиналето со втората победа во групната фаза на планетарниот собир во Полска. „Гаучосите“ ја совладаа Португалија со 2-0 со головите на Алдолфо Гаих во првото и Патрисио Перез во второто полувреме.
На идентичен начин „галските петли“ ја совладаа Панама, а двата гола ги постигнаа фудбалери кои играат во Бундеслигата - Загаду и Куисанс.
- Аргентина - Португалија 2-0:
- Франција - Панама 2-0:
Во останатите натпревари играни во текот на денот, Мали ја совлада Саудиска Арабија со 4-3, а Кореја освои значајни три бода со победата над Јужна Африка со 1-0.