• Горан Упале
Хрватски Хајдук одново ги разочара своите фанови и не победи во домашниот шампионат. На гостински терен беше голем фаворит против Истра во Пула, но на крај мораше да се задоволни со само еден освоен бод (1-1).
Тренерот Џенаро Гатузо го коментираше ремито и индиректно ги посочи фудбалерите за главни виновници за нерешениот резултат.
„Откако Паоло Трамецани пристигна во Истра, играат агресивно, „човек на човек“ на целиот терен. Променија некои работи против нас, но ваков натпревар баш очекувавме. Истра е екипа која може да те казни преку контранапад, тоа беше евидентно. Имавме многу шанси, но кога топката нема да влезе во голот, тогаш е тешко да се победи.
Кога тимот не креира, најголемиот проблем е што си одиш дома со многу прашања. Кога создаваш, промашуваш, тоа исто така не е лесно. Но тренерот не може ништо да направи кога неговите фудбалери промашуваат“, рече Италијанецот.
По четири одиграни кола Хајдук е на четвртата позиција со две победи и два реми исходи.