ВИДЕО: Гатузо носен од еуфоријата по голот го бакна Ливаја во уста!

Фудбалерите на Хајдук извојуваа голема победа над Динамо Загреб со 0-1 во дербито од шестото коло од хрватската лига.

Оваа средба во целост ја оправда улогата на дерби, а како што вообичаено се случува, одлучи еден детаљ. Се играше 70. минута кога Марко Ливаја, во стил на најдобрите светски напаѓачи, ја затресе домашната мрежа и на својот тим му донесе заслужени три бода.

Сепак, најинтересниот момент се случи при прославата на голот. Тогаш тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо му пријде на Ливаја и од еуфорија го бакна во уста.

Оваа прослава многу потсети на моментот од минатото кога Карлос Тевез го бакна Диего Марадона на „Бомбоњера“.

Состави

Sandro Perkovic

4-4-2

    Џенаро Гатузо

    4-4-2