• Зоран Мишевски
Исклучително возбудливата трка за шампионската титула на Хрватска вечерва стана уште поинтересна, со оглед на тоа што дојде до нова промена на лидерската позиција на табелата. Во дуелот на двете првопласирани екипи, Ријека со убедливи 3-0 (2-0) го совлада сплитски Хајдук на својата „Рујевица“, па сега риечани по 26 одиграни кола имаат 50 бодови на првото место, додека Хајдук падна на второто место со два бода помалку.
- Ријека - Хајдук 3-0:
Триумфот на тимот од Ријека го најави Фрук, со воведниот гол во 25. минута, а предноста на домаќините десет минути подоцна ја удвои Јанковиќ со гол од пенал. Џенаро Гатузо се обиде да го размрда својот тим со двојна замена на полувремето, но не успеа. Ријека го направи својот триумф уште поубедлив со вториот гол на Тони Фрук во самиот финиш од натпреварот (3-0).
- Динамо Загреб - Локомотива Загреб 3-0:
Трет кандидат за титулата е актуелниот шампион Динамо Загреб, со нашите Ристовски и Адеми во тимот, кој вчера со истиот резултат ја совлада Локомотива и сега има 45 бода на третата позиција.



