Гатузо го избрка Елмас од последниот тренинг, дали нема да го гледаме против Лацио?

Елмас

Италијанските медиуми пренесуваат дека Ељиф Елмас одново имал „клинч“ со првиот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо.

Според последните информации македонскиот репрезентативец бил испратен на „ладење“ и нема да добие шанса да настапи на претстојниот дуел со Лацио. Причина за оваа одлука на стратегот било однесувањето на нашиот фудбалер.

Гатузо не бил задоволен од говорот на тело на Елмас, па му ја покажал вратата кон соблекувалната. Тоа носи нови проблеми за талентираниот играч кој и така добиваше мала минутажа во дресот на „наполитанците“.

Претходно Алан доби „шут-карта“ од својот тренер поради мало несогласување на една тренинг сесија. Вчера на ред дојде репрезентативецот на Македонија.

Формацијата 4-2-3-1 на Наполи никако не му одговара на Елмас. Поради тоа понекогаш тој добива шанса на теренот, но игра на невообичаена позиција за него.