Гатузо бара дерби со Јуве: Така одлучија други поради Елмас и Зиелински!

Џенаро Гатузо, тренерот на Наполи, побара дерби-натпреварот против Јувентус да се игра и наполитанците да бидат третирани на фер начин од надлежните. 

Наполи го загуби дуелот службено (0-3) и загуби еден поен, откако не допатува во Торино на 4 октомври затоа што имаше позитивни случаи - Ељиф Елмас и Пјотр Зиелински.

„Ние не ја донесовме одлуката. Јас во тој момент кажав дека подобро е да оди и да се игра мечот затоа што факт е дека Јувентус се обидува да направи нешто ново, вистина е дека ни фалеа двајца важни играчи како Зиелински и Елмас. Пак ќе повторам, ние не одлучивме. Бевме во автобус од пет до седум часот. Ни кажаа да не одиме. Се надевам дека одлуката ќе се промени и мечот ќе се игра, изјави Гатузо.

Наполи беше спречен да замине за Торино од страна на здравствените власти во Неапол.