• Мартин Танасковски
Кристоф Гатлие, тренерот на Пари Сен Жермен, повторно се најде на удар по поразот на ПСЖ од Лион (0-1), но исто така мета на навивачите беше и аргентинската ѕвезда Лионел Меси.
„Светците“ доживеаја втор пораз на домашен терен, а трибините испратија свирежи.
„Не ги разбирам свирежите кон Лионел Меси. Чекаме тој или Килијан Мбапе да ја решат ситуацијата. Тој ја води нашата игра, се обидува многу, така доаѓаат и загубените топки, ама не смееме да очекуваме од нив двајца да ја завршат работата сами.
Свирежите се бесмислени, затоа што тие направија многу за нас досега сезонава“, изјави Гатлие.
ПСЖ и покрај поразот е лидер на табелата со шест бода повеќе од Ленс и Марсеј. Договорот на Меси и „светците“ истекува на крајот од сезоната.